Не е точна информацијата дека на МКЦ му се скратени 90 проценти од буџетот. Средставата доделени од Градот Скопје за МКЦ не се скратени, а програмата која самите луѓе од МКЦ ја направија е одобрена од Градот и во ниту еден момент и по ниту една ставка нема да се менува. Но, нема да дозволиме МКЦ некој да го користи како „параван“ за да го скрие сопственото манипулативно однесување, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Таа на денешната прес-конференција информираше дека в.д. директорот на МКЦ не е разрешен од таа функција која ја изршуваше, туку договорот врз основа на кој беше назначен за вршител на должноста, согласно законот му завршил.
-Што се однесува до лажните вести за новоден притисок врз претходниот в.д. директор на МКЦ, во целост ги отфрламе овие обвинувања и најавувам доколку Ванчо Богоев во рок од 48 часа не се извини за изнесените лаги, изнесеното ќе треба да си го докажува пред надлежен суд. Уште минатата недела во МКЦ почна спроведување на редовна годишна ревизија која е планирана уште од минатата година. Забележани се неколку недоследности кои беа клучни при носењето на одлуката за функцијата на Богоев како в.д. директор, додаде таа.