Данела Арсовска – градоначалничката на Скопје денеска на прес-конференција рече дека главниот град ќе остане нечист и без функционален јавен превоз се додека Советот не ги изгласа потребните програми и планови за 2024. Таа рече дека не може да бара вонредни решенија, затоа што ако го направи тоа, ќе оди в затвор.
– 45 советници земаат по 500 евра од седница. Да не постоеше Советот јас ќе бев најдобар градоначалник. Власт е претседателот Трајко Славески и Советот. Не можам да имплементирам нешто за кое утре ќе одам во затвор. Предложивме вонредна седница за програмата на Комунална хигиена, ние веќе сме во втората половина на годината и не е донесена. Предложивме план за набавка на еколошки автобуси, нешто што јас само треба да го потпишам. Побаравме Владата да исплати 8 милиони евра долг од 2021 кон ЈСП за студентите. Тие предложија повлекување на средствата за изградба на булеварот Хасан Приштина, што е уцена за нас овој предлог и неприфатлив. Плановите за Комунална хигиена не се изгласани, затоа не може да биде подеднакво чисто, затоа недостигаат 120 работници. Програма за животна средина не е донесена седум месеци. Ќе дојде ноември и некој ќе каже дека немаме чист град. Ова е за проблемот со квалитетот на воздухот. Програмата за сообраќај не е изгласана седум месеци, за проблемите со главните улици и булевари“ рече Арсовска.
Таа посочи дека „од сите изминати децении наназад, само сега функционираме без денар владина поддршка. Бараме само политичка волја и да се одблокира Советот, затоа што штетата ја трпат само граѓаните“.
„Перински е неискусен во оваа работа, но ќе поднаучи кои се ингеренциите на Советот и на градоначалникот и ако знае дека доколку советниците од неговата партија не ги блокираа програмите за јавните претпријатија, Скопје немаше да биде во состојбата во која се наоѓа“ порача Арсовска.