Арсовска била на боледување и не можела да одговара на прес-конференцијата која самата ја закажа

by Fokus

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и денеска, како и цела година од нејзиниот мандат, не даде одговори на прашањата на новинарите, пишува СДК. МК  На вонредната прес-конференцијата која ја закажа самата, рече дека не може да одговара на прашања надвор од темата бидејќи е болна и е на боледување. Пред почетокот на прес-конференцијата лицето кое од нејзе е задолжено за комуникација со медиуми одеше од новинар до новинар и велеше дека ќе нема прашања.

И покрај настојувањето на новинарите да добијат одговори, затоа што никој не им одговара на прашањата кои со месеци ги поставуваат до градоначалничкатата и Град Скопје, а нејзе ја нема во јавност, Арсовска замина од салата. Додека таа си заминуваше, од нејзиниот кабинет на новинарите им велеа „сите прашања што ги имате пратете ги на меилче”, наведува САКАМДАКАЖАМ.МК

Арсовска потоа на новинарските екипи кои се обидуваа да ѝ земат изјава им рече „на боледување сум, срамота е ова што го правите“, наведува СДК

Поврзани новости