Арсовска бара помош од Владата и го демантира Ковачевски

by fokus

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како претседателка Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) бара итен состанок со Владата поради енергетската криза и виосоките сметки кои локалните самоуправи ги имаат за електрична енергија.

-Еден од заклучоците е дека ќе се обратиме до Владата со што ќе побараме итен состанок на кој што би биле разгледани сите предлози кои произлегоа од вчерашната седница и како би изнашле заедничко решение кое најбрзо може да се преземе, а да се излезе во пресрет за да се разреши оваа криза од растот на цените на енергенсите на берзата, рече Арсовска.

Според неа, сметките за електрична енергија на општините се драстично зголемени и се додведува ликвидноста во прашање.

-Останатите потреби на граѓаните не можат да се сервисираат, поради тоа што единствено од буџетите се покриваат трошоците за електрична енергија. Некаде се за повеќе од 5 пати зголемени, односно за 500 отсто. а тоа се се должи на раскинатите договори, рече Арсовска.

Таа ја демантирше изјавата на мандатарот, Димитар Ковачевски кој рече дека според законите, топлинската енергија и БЕГ, односно целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на Град Скопје.

-Јас ја поздравувам изјавата, но обврската е на Владата, од неа БЕГ има добиена концесија и надлежноста не е на Град Скопје. До 15 септември најголемиот дел на влади во Европа имаат преземено мерки за овие шокови. Општините поради слабата децентрализација имаат лимитирани приходи и не треба да се префрла топката на локалните единици.

Префрлањето на вина не е основано, кризата е започната од август месец, но Владата не преземала никакви чекари. Владата да преземе целосна одговорност и да и помогне на локалната самоуправа, повика Арсовска.

 

Поврзани новости