542
Скопската градоначалничка Данела Арсовска доставила допис до раководството на јавното претпријатие „Градски паркинг“ да се изготви нов ценовник, односно да се намали цената на паркирањето, известува Град Скопје.
Поевтинувањето треба да биде за 10 денари, a намалувањето на цените е како резултат на изборната програма на градоначалничката во која вети поевтин паркинг.
Во катните гаражи наместо 30 паркингот треба да биде 20 денари по час, а на зонските паркинзи во зона А од 50 денари паркирањето ќе се намали на 40, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе биде 20 денари наместо 30.