Во врска со појавените информации во одредени медиуми и социјални мрежи, во врска со пожарите кои се појавија на реонот на Армискиот Полигон Криволак, со цел транспарентно и вистинито информирање, Генералштабот на Армијата информира дека во текот на попладневните часови на Армискиот Полигон Криволак имаше опожарени стари дотраени објекти кои не се од критично значење и се користени како помошни простории за време на логорувања.
Сите армиски инфраструктурни објекти од посебно значење се безбедни и обезбедени согласно проценките и истите согласно армиските процедури имаат дополнително инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина од повеќе десетина метри.
Од страна на армиските припадници кои се на терен се локализирани краци на пожарите кои може да бидат потенцијално загрозувачки за инфраструктурни објекти од посебно значење. Исто така во рамки на командата на полигонот има доволнен број на противпожарни средства и опрема, како и персонал во постојана готовност за навремено ангажирање за спречување на опожарување на секој објект од посебно значење.
При ангажирањето во гасење на пожарите се почитуваат сите безбедносни процедури за припадниците на армијата и се преземаат сите пропишани мерки за безбедност и лична заштита