Припадниците на нашата Армија заминуваат во КФОР на Косово, а првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“
Армијата на Република Северна Македонија од денеска, за првпат директно, со 44 нејзини припадници, ќе учествува во мисија како 30-та земја членка на НАТО.
Припадниците на нашата Армија заминуваат во КФОР на Косово, а првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.
По повод нивното заминување, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се одржи воена свеченост.
За оваа мисија, припадниците на Армијата поминаа низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција, за изведување на задачите кои ги очекуваат за време на мисијата.
Припадниците на Армијата веќе 18 години се дел од мировните мисии ИСАФ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, „Слобода за Ирак“, АЛТЕА во Босна и Херцеговина и УНИФИЛ во Либан.
Нашата Армија досегаво КФОР учествуваше посредно преку обезбедување логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој вршеше координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување.