Армијата се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак

by Fokus

Припадниците од Вториот баталјон од касарната Јане Сандански од Штип од рано утрото активно се вклучени во гаснење на пожарот во близина на шумскиот појс помеѓу општините Делчево и Пехчево кај селото Пасјак. Кире Цоневски соработник за превенција заштита и спасување при Општинa Делчево информираше дека покрај армијата и екипи на Територијалните противпожарни единици од регионот, во гаснењето се вклучени и делчевските Просторни сили.

-Во моментот се одвиваат активности за локализирање на пожарот кај Пасјак. Зафатена е поголема површина, припадници на армијата се на терен, заедно со противпожарната единица од Делчево и М.Каменица, Јавното комунално претпријатие и просторните сили во Делчево. Доколку има потреба од воздухоплови испратено е барање до Дирекцијата за заштита и спасување и армијата и тие ќе дејствуваат согласно законски пропишаните мерки, информира Цоневски.

Поврзани новости