Армијата се приклучи во пребарувањето на 22-годишен возач кој излета во реката Вардар

by Fokus

Четврти ден по ред продолжува пребарувањето на 22-годишниот возач кој излета во реката Вардар кај тетовско Желино, при што се приклучија и припадниците на Армијата.

-Вчера и денеска во пребарувањето активно се вклучени десет луѓе од специјализираните единици како и 50-тина припадници на Армијата од касарната во Тетово. Припадниците на Армијата дејствуваат во координација со останатите институции, информираше полковник Тони Јаневскипортпарол на Генерал Штаб на Армијата.

Поврзани новости