Армијата набавува осум хеликоптери од Италија за 230 милиони евра: првиот треба да пристигне во 2026 година

by Fokus

АРМ до крајот на 2028 година ќе го дополни воздухопловниот ВИНГ со нови осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо Хеликоптерс“.

Министерството за одбрана тоа ќе го чини околу 230 милиони евра во следните четири години. Оваа година, според договорот, Македонија ќе треба да исплати 16 отсто од сумата.

Станува збор за четири хеликоптери од типот АW149 и четири од Типот АW169M, првиот треба да пристигне во втората половина на 2026-та година.

Во конкуренција биле и компании од САД, Канада и германско-француски конзорциум, но италијанскиот производител ги исполнил условите кои ги барала македонската армија.

Ќе биде објавен и оглас за пилоти не постари од 28 години, кои треба да бидат обучени за управување со овие летала.

Министерката за одбрана Петровска рече дека нема да има дополнителни трошоци и дека цената за 8 хеликотери, додатна опрема и изградба на хангар за воздухопловите е фиксна.

Поврзани новости