258
Началникот на армијата на Бангладеш Вакер-Уз-Заман денеска објави дека ќе „формира привремена влада“ откако премиерката поднесе оставка и побегна од главниот град поради огромните протести.
-Ја преземам целосната одговорност – рече генералот, иако не беше веднаш јасно дали тој ќе застане на чело на преодна влада.
Ќе формираме привремена влада, рече Вакер во обраќање до нацијата преку државната телевизија, додавајќи декаХасина поднела оставка.
-Земјата претрпе многу, економијата е погодена, многу луѓе се убиени, време е да се запре насилството – додаде тој.