755
За одржување ефикасен одбранбен систем на државата и висок степен на борбена подготвеност на Армијата, потребни се поголеми финансиски средства кои во последниве години се намалени, порача началникот на Генерал-штабот на АРМ, Горан Котески.
– АРМ изготви Предлог план за модернизација, за кој постои поддршка од претседателот на државата, премиерот и министерот за одбрана. Очекувам дека оваа одлука ќе биде донесена во корист на АРМ и на државата – рече Котески.
Тој се осврна и на евроатланските интеграции на Македонија, истакнувајќи дека „земјава заслужува што поскоро да биде дел од НАТО“.