851
Откако докторот Мухамед Асани беше разрешен од местото директор на болницата во Струга, објектот денеска доби нов човек на таа функција.
Арменд Арслани, поранешниот заменик министер за здравство доаѓа на местото на Асани, откако доби отказ по случајот со родилката Јилдиз Веапоска, на која и беа извадени три органи при породување.
Оваа информација денеска ја истакна министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција со новинарите.