Светскиот рекет број два и шампионка на Австралија опен, Арина Сабаленка, денес влезе во второто коло на Вимблдон со победата од 6:3, 6:1 над Пана Удварди од Унгарија.
Сабаленка направи брејк за 2:0, што беше доволно да го освои првиот сет, а за во вториот повторно да поведе со 3:1 и потоа рутински да стигне до победа. Нејзиниот меч беше еден од ретките кои беа комплетирани во вториот ден од Вимблдон поради дождот кој откажа повеќе од 40 меча.
„Уживав во атмосферата, во мојата игра. Ми недостасуваше ова место, и затоа сакав да го покажам мојот најдобар тенис. Убаво е да те сметаат за фаворит на ваков турнир“, изјави Сабаленка.
Сабаленка стигна до полуфиналето на Вимблдон во 2021 година, но беше казнет во 2022 година заедно со сите белоруски и руски играчи поради инвазијата на Украина.
25-годишната тенисерка ќе се соочи со Варвара Грачева од Франција или италијанката Камила Џорџи за пласман во последните 32.