Арифи: Тетово расте и се развива, следната година ќе има нови булевари и автобуси

by Фокус

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на денешната прес-конференција даде осврт на сработеното во 2019 година, при што истакна дека градот се развива, расте и доживува синхронизиран и многу природен социјален, економски и инфраструктурен напредок.

-Ќе продолжиме со градежните работи за пробивање на бул. Индустриска од Спортскиот центар до градската касарна, а со тоа ќе се овозможи и алтернативна вонградска рута за тешките товарни возила, кои покрај сообраќајниот хаос значително придонесуваа за загадување на амбиенталниот воздух. Овој многу важен инфраструктурен проект сега ги помина сите формални фази и процедури за набавка, а неговата имплементација се очекува да започне во април, следната година. За следната година ќе започнеме со експропријација на имотот на граѓаните за отворање и пробивање на булеварот „Благоја Тоска“, од Клиничкиот центар до крстосницата на Текстилното училиште, кој воедно е еден од најважните проекти за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж во градот. Аплициравме и се квалификувавме успешно на сите повици за грантови на централната власт, така што во 2020 година ќе извршиме реконструкција и асфалтирање на некои патишта во градот, како што се: ул. Јане Сандански, ул. Гоце Делчев, ул. 29 ноември, ул. Од Клиничка болница до улицата Дервиш Цара, како и ул. Гоце Стојчевски – вети Арифи.

Таа додаде дека очекува во 2020 година да се пуштат во употреба автобусите за новото градско претријатие за превоз.

Поврзани новости