Арифи не е кандидат ни за Брисел ни за Вашингтон ни за Анкара, вели Османи

by Fokus

Теута Арифи не е кандидат ни за Брисел ни за Вашингтон ни за Анкара, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за Утрински брифинг.

-Се споменуваат имиња во јавноста, но никогаш во Влада не се зборувало за тие луѓе. Внатре во државата и со кандидатот Арифи не се постигна согласност за нејзино заминување во Брисел. ЕУ процедурата на молчење е ако неколку месеци нема реакција тоа значи позитивен исход.Арифи не е кандидат за Брисел. Агнеза Руси Поповска сѐ уште има амбасадорски мандат, а потоа ќе замине во Софија од каде е добиен агреман, вели Османи.

Поврзани новости