Тетовската градоначалничка Теута Арифи денеска беше во посета на пожарникарите со цел да се информира детално за пожарот и интервенцијата на единицата во модуларната ковид болница на 8 септември.
-Во диспечерката служба ТППЕ Тетово во 21 часот и 02 минути е примен повикот за пожар од инфективното одделение. На местото на настанот веќе во 21 часот и 07 минути биле со три камиони и 16 пожарникари. Две возила беа поставени пред модуларната зграда и едно зад неа за да спречи пламенот да се прошири на објектот од инфективниот оддел, кој е многу блиску до модуларниот монтажен објект. Пожарот е локализиран во 21:30 часот, а целосно е изгаснат во 21:45 часот, рече Теута Арифи.
На новинарско прашање дали како прв човек на градот ќе бара морална одговорност од раководството на болницата, Теута Арифи рече дека прво сака да добие одговори на неколку прашања.
-Треба да се има предвид фактот дека ова беше голема несреќа и во голема несреќа не сите работи можете одма на почетокот да ги канализирате. Знаете и вие какво беше известувањето вечерта. Тоа што е важно-нека заврши процесот на истрагата и да имаме тука неколку одговори кои сите го очекуваме. Да ги добиеме сите тие одговори, одговорноста не е само морална и како таква треба да се понесе, истакна градоначалничката.