Актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами најмногу се занимава со работењето на неговата претходничка Теута Арифи обвинувајќи ја за неколку сфери од нејзиното работење, смета некогашната градоначалничка на градот под Шара.
„Актуелниот градоначалник продолжи да води предизборна кампања иако е веќе градоначалник. Жал ми е што поради фактот што не може и не знае да се носи со проблемите на градот кои реално се големи, тој се занимава со мене. Што се однесува до обвинувањето дека имало 800 луѓе вработени со договори на дело, секако дека нема такви. Направени се исплати на луѓе во различни комисии но не станува збор за вработувања, туку за завршени ангажани за општината. Не е коректно да се влечат попусто имињата на луѓето во јавноста, вели Теута Арифи за Утрински брифинг.