АРХИВА Закочете бре „патриоти“…Татковината само што не отишла во мајчината!

by Fokus

Текстот е објавен на 13 јуни, 2008 година во неделникот „Фокус“ во бројот 676

Пишува: Никола МЛАДЕНОВ

He мина ниту една недела од изборниот триумф, а најголемиот борец за нашето уставно име се врати со ‘скршена кичма’ од Њујорк. Меѓу Република Македонија и наградата за четврта земја по извршени реформи во 2007-та, Груевски сепак ја избра наградата, па макар ја примил со БЈРМ беџ на реверот. Но, палјачо поли-тиката на владата не би била комплетна, доколку дешавкава не беше проследена со ‘енергичен’ став, дека сето тоа никако не значи и промена на ‘добро познатата влади-на политика за името’!? Оди сега, па биди паметен, и кажи без дводневно размислу-вање, која е таа добро позната ем непромен-лива владина политика за спорот со Грција? Од приложеното во Њујорк, може да се заклучи дека Република Македонија (Скопје), Република Северна Македонија, Република Горна Македонија… беа недосто-јна замена за Бивша Југословенска Република Македонија!? Навидум парадок-сално, но, вистинито, ние не успеавме да влеземе во НАТО, ама затоа успеавме да си го сочуваме ‘омиленото’ име за надворешна употреба. Тоа гарант е во правец на јакнење на фамозната владина политика за челичење на националното ни самочувство!

ШТО САКА ГРЦИЈА?!

Како што е познато, и во март 2006-та, грчки премиер беше сегашниот Караманлис, кој посака да порача, ‘скопјан-ите да не помислуваат на влез во НАТО’ под било кое друго име, освен БЈРМ,. Во тоа време, неговата порака требаше да прет-ставува закана за тогашната влада на СДСМ. Значи, или како БЈРМ, или нема НАТО. Едвај две години подоцна, заканата на Караманлис стана пуста желба за владата на ВМРО-ДПМНЕ. Како што кажа самиот Груевски, последната надеж на нашата државна свита во Букурешт било одоброволувањето на Грција, во НАТО да не примат како БЈРМ. He е баш пријатно за слушање, но, развојот на оваа ситуација оди во прилог на СДСМ, како партија која водела поцелисходна политика за остварување на нашите стратешки интереси – влезот во НАТО, како гаранција за побрз економски развој и предуслов за членство во ЕУ!

Значи, прашањето е, зошто Караманлис го промени својот став од 2006-та? Зошто толку се осили во 2008-та? Филозофијата на губитникот, предлага стан-дарден одговор: Грција не мрази, сака да не обезличи, да не понижи, да не уништи… Што бездруго е точно, ако ништо друго, тогаш заради самото наметнување проблем околу името, меѓутоа, дали сите тие грчки желби се вчерашни? Дали датираат од фамозното вето во Букурешт? Зар не било така и во март 2006-та, а, сепак, Атина тогаш била подготвена за поддршка на нашето НАТО членство, како БЈРМ? Очигледно, вината мораме да ја побараме во самите себе. Соочувањето со реалноста е најтешка рабо-та, меѓутоа, без него нема учење, туку нужно повторување на грешките. Да видиме, значи, дали ние не сме тие што работеа против соп-ствените интереси? Дали ние не и дадовме доволно аргументи на грчката страна, целос-но да ја изврти работата на наша штета, баш како во приказната за кроткиот волк и крво-лочното јагне што му ја матело водата?

Според мене, постојат неколку владини потези, кои резултираа со авто-голот, од кој, гледам, сеуште никако не можеме да се опоравиме. Причината може да лежи во тажниот факт, кој вели дека и меѓу најголемите промотери на владината поли-тика, има луѓе што сеуште не ја прочитале Привремената спогодба со Грција, од која нужно поаѓаме во надминувањето на спорот. Звучи неверојатно, но, јас знам барем еден таков субјект во Владата, кој изгледа смета дека не мора да го чита она што несомнено е неправедно, ем не е од неговата Влада потпишано. Исто така, знам и за пратеници од последниот собраниски состав, кои не можеа да ја добијат Спогодбата од МНР, затоа што, замислете, таа претставувала ‘државна тајна’!? Сево ова е непријатно за кажување, меѓутоа, не смее да се премолчи, ако ништо друго, тогаш барем за да стане појасно, со какви луѓе сме тргнале во битка со Грците. Неверојатно… He ја читаме Спогодбата, затоа што ја стокмиле Глигоровци, а, башка, ептен е неправедна!? Спогодбата станала таен документ, без оглед на тоа што одамна е објавена во Службен весник!? Уште полошо, таа е недостапна за пратеник, кој врз неа треба да гради став, да дебатира, да одлучува… Скандалозно!!!

Нема потреба да потенцирам, дека и мене не ми се допаѓа сето она што власта на СДСМ го договорила со Грција во 1993-та и 1995-та, но, историјата не почнува од нас, за да се правиме дека Македонија (не Киро или Црвенковски) не преземала обврски, кои ние можеме да глумиме дека не постојат. Од тогаш, имено, постои Резолуцијата 817, за наш прием во ООН, како БЈРМ, и Привремената спогодба, како извор на наши права и обврски во однос на Атина. Затоа, со време им укажувам на сите оние што сеуште гуслаат за било каква правда во меѓународ-ните односи, во моментов да престанат со читањето. За да не се нервираат залудно, оти, само тоа може да ги снајде граѓаните на малите земји кои напрасно се амбицирале да исправаат големи белосветски неправди. Параграфите се сурови, особено за оние со истенчени нерви и вишок емоции!

СЛУДУВАЊЕ НА НАР0Д0Т

Значи, воопшто не навлегувам во грчките желби во однос на нашата нација, држава, историја, култура… Клучното прашање е, како ние и дадовме аргументи на Атина, преку ветото, да го закочи развојот на македонската нација, држава, историја, кул-тура… и, притоа, да не означи како виновни за нарушување на добрососедските односи, како важен критериум за НАТО? Едноставно, Грција може да бара што сака, а, сепак, да не добие ништо, доколку ние не и го овозможиме тоа. Најдобар доказ е спомна-тиот став на Караманлис од 2006-та година. И до тогаш Грците се обидуваа да наметнат разни теми во преговорите. И до тогаш сакаа да ни одредуваат векови до кои смееме да копаме во историјата. Провоцираа и за наци-јата, јазикот, културата… но, видно од кажаното, сето тоа не било пречка, во НАТО да влеземе макар како БЈРМ!

Според мене, сето тоа треба да се есапи како нивна преговарачка тактика, на која никако не смееме да реагираме како бик на црвена шамија. Контрапродуктивни се сите емисии по телевизиите, кои мислат дека работат за македонштината, доколку на грчките пе..ри им изе.ат маме мамино, само затоа што едикојси Грк, дал изјава или интервју што нам не ни се допаѓа. На тој начин, кај народот само будиме непотребна омраза кон целата грчка нација и не си оставаме никаков простор за разумно решавање на проблемот. Нема излез, доколку на најпримитивен начин ги делиме Македонците на ‘патриоти’ и ‘предавници’. Таков бурек не се јаде ниту дома, а камоли на телевизија. Што може, впрочем, да се очекува, ако водителот на доцно ноќно шоу, мртов-ладен порача: Да му умре мајката и се најмило, на оној што ќе го смени името!? Каква е, пак, пораката, доколку на муабет кај такви типчиња оди безмалку цела Влада, на чело со Премиерот!? Да не зборувам за бескрајниот серијал, посветен на античка Македонија, кој забраздува до сензационал-ни откритија за целата бела раса, која, види чудо, топтан потекнува од нас, Македонците. Едноставно, на тој начин си штетиме самите на себе. Ако не друго, тогаш заради компро-митацијата на самата идеја за нашата историска врска со антиката, која е несомне-на. He сакајќи, стануваме предмет на општ потсмев..!

Мислам дека Грците кришум се потсмеваат и на ‘невладините’ повици на сенационален бојкот, од грчките компании до вадењето грчки визи. Бездруго слатко се кикотат на изманипулираните родољупци, кои повикуваат на економски бојкот, толку бесмислен во глобализираниот свет, од кој дури и северните соседи дигнаа раце. Бездруго си мислат, колку ли добро се изма-нипулирани тие млади луѓе, кои на улица гинат за ‘патриотската’ политика на Владата, а таа, зад нивниот грб, беше на добар пат и 70 милиони евра вреден тендер на грчка фирма да даде. Ем грчка, ем второпласир-ана, ем за спортски сали… чиниш нуклерка требало да се гради, па македонска не се нашла. Мислам дека намерно се мајтапат и со нашинците во Грција, за да видат колкав може да биде задоцнетиот револт кај наро-дот, кој допрва сфатил дека сите стратешки бизниси им ги продадовме на грчки компании. He знае човек, од каде стигнува поголемо понижување? Од нападите грчки или одбраните наши? Закочете бре ‘патриоти’… дур Татковината целосно не сте ја однеле во мајчината!!!

За жал, ова слудување на народот беше охрабрувано од актуелната власт, која ветената Преродба ја сфаќа сосема неодгов-орно. Наместо да побрза со создавањето услови за изградба на модерен аеродром, таа се задоволи со ‘духовниот’ аспект на прерод-бата, па, еве, до ден-денешен, на скопскиот аеродром ново е само името. На познатата конзерва и го дадоа името на Големиот Александар!? Баш како што разни штребери во социјализмот, на гнасни шупи знаеа да го закачат Брозовото име, па, потоа, уште поголемите штребери мораа да носат закон за заштита на ликот и делото на другарот Тито. Навистина, со што заслужил Александар, името да му се валка на хангарот што го викаме аеродромска згра-да?! Кој е ефектот од тој потег на властите кон крајот на 2006-та, и покрај сите добронамерни укажувања на меѓународниот фак-тор, втемелени на добро прочитаната Спогодба?

ШТО БИДНА С0 ПАТРИОТСКИТЕ ТАБЛИЧКИ?

Вториот чекор што секундарно ни го прероди духот, се случи веќе следниот месец. Co новата година, пред Владата осамнаа фамозните антички статуи. Скарани со естетика, тутнати како бајадери среде корнишони, чиниш измислени за наше прет-ставување како инфантилни, историски неосознаени клапчовци, кои севезден, без никој да ги праша, врескаат дека имаат и античко наследство. Добро, и тоа е несом-нено, но зошто не направиме познат музеј за презентација на нашето древно минато?! Зошто сеуште стои таа морбидна постановка на обезглавени статуи пред македонската влада!? Дали тоа треба да го разбуди херо-измот од славните времиња, за да кулмини-ра со фрапантното откритие за белата раса?!

Третиот потег го повлече Гордана Јанкуловска, која реши да го прероди зачмаениот дух што толку долго ем неоправ-дано ги разјадуваше и возачите. Нашето МВР дизајнираше фантастични автомобилски таблички. Додуша, малку скапи, ама, ако, на патриотизмот не смее да се штеди. Замислете, кај ќе ни беше крајот, ако ‘пре-давниците’ не ги опструираа табличките што среде ноќ, благодарејќи на фосфорната поддршка, требаше и на слепците да им кажат дека возилото е од Македонија? Колку само ќе им олесневме работа и на грчките хулигани, кои редовно дивеат врз наши возила околу Катерини… Вака, по тешките темници, сеуште демне опасноста, наместо наша, да разлупаат кола на некој Жан Пјер, па да си ја расипат ‘калимерата’ со Франција. Точно, фосфорот стопроцентно ќе ги заштитеше од таквиот ризик!

Сепак, тоа не е крај на патриот-скиот вознес. He само што не даде пет пари за лошото искуство co МК ознаката на табличките, кои, токму поради тоа, еднаш веќе ги сменивме, Јанкуловска посредно порача, воопшто и да не одиме во Грција. Нормално, оти ‘јас во таа држава ниту сум била, ниту имам намера да одам’!? На здрав-је… Доживеавме власт, која можното ограничување на движењето го препорачува како патриотски чин!? Што мислите, дали во Спогодбата можеби има некое членче, кое охрабрува прекинување на контактите меѓу претставниците на власта во скараните земји? Нормално HE! Спогодбата инсистира на интензивирање на контактите меѓу наро-дот на двете држави, и тоа на сите можни нивоа… Како ли ќе го надминеме проблемот, ако нашите министри одбиваат стапнување на грчко тло!? Нема што, потегов автоматски ја квалификува Јанкуловска и за министер-ството за евроинтеграции. Штом ни промрчи некој Саркози, ние веднаш му ја бришеме земјата од нашата света мапа. Се повлековме од толку земја во северозападна Македонија, па за некоја Грција или Франција ќе му ја мислиме?! Да, да, нема поубав начин за решавање на проблемот, ако, денес-утре, сите преродено си се згужваме околу скоп-скиот центар… Што велите на Република Скопје, со Капиштец во заграда?

Некој сега може прописно и да ме испцуе, затоа што ги ‘бранам’ клетите Грци, кои безмалку вчера ни го вратија Црвенковски од Грција, заради Република Македонија на неговото авионче, меѓутоа, чесниот хроничар не смее да манипулира со датумите. На Бранковото авионче му претх-одеше горекажаното. И без тоа ќе го врателе?! Жалам, но, одговорот не е точен. Понеделнички ‘Дневник’ веќе потсети на времињата, кога Грција не само што не прав-ела такви проблеми, туку, напротив, пред аероплан со ‘нарисано’ ни уставно име, знаела да построи почесна гарда за дочек на наш министер за одбрана среде атински аеродром. Ајде сега, секој да си одговори на прашањето, кога пршлените ни беа помалку напукнати: кога немало аеродром Александар Велики, ама имало опишан пречек од грчка гарда, или сега, кога антички статуи Влада ни красат, ама претседателски авион од Грција ни враќаат? Да им е алал Преродбата… Уште малку, па и за Бранковист ќе ме означат!!!

ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ

Веќе не е ни важен редоследот на потезите со кои самите на себе си забивавме нож во грбот. Имено, премиерската свита дозволи Грците да го уловат Груевски крај картата на ‘голема’ Македонија, додека одд-аваше почит на Гоце. Шефот на Агенцијата за спорт и млади си делкаше изјави со гордо оптегнато знаме со шеснаесеткракото сонце зад себе, иако ѕвездата од Кутлеш е децид-но ‘неподобна’ во државните институции. Разбира се, повторно според проклетата Спогодба. Но, тоа не беше пречка и недоиз-градените спортски сали да осамнат со истиот симбол. Каква врска има тоа што и салите се државно дело, кога целата власт добро знае дека Знаењето е сила, знаењето е моќ?! Машала… а знае ли некој, што е нез-наењето?

За да ја избегнеме непотребната нервоза, ќе мора да се потсетиме и на постигнатото до Букурешт. Уште во Виена, на две недели од НАТО самитот, Грција го при-фати предлогот на Нимиц, никој да нема ексклузивитет на придавката македонски. Значи, обете страни имаат неспорно право на македонски јазик, нација, историја, култура… За секој човек што не одлепил од реалноста, ова не е неповолно решение за нас. Точно, и Грците ќе можат да го ползуваат истото право, меѓутоа, кому му е животно важна можноста, македонскиот јазик да го впише во ООН, како свој службен јазик? Каде, впрочем, Грција ќе може да ужива некакви плодови од тоа што и таа ќе има право на македонски јазик? Или, некој мисли дека Атина ќе посака некому да му го подметне грчкиот како македонски јазик?!

Дека ова е токму така и дека не треба да предизвикува некоја особена нер-воза во нашите редови, сведочи изјавата на Даниел Фрид, кој јасно кажа дека пос-тоењето на македонскиот јазик е неспорно, поради што веќе се изучува од американ-ските дипломати во Стејт Департментот. Ја помните ли експресната реакција на Караманлис и Бакојани? Сеуште не го беа изгустирале успехот од ветото, ама не забо-равија промптно да му одговорат на Фрид, дека ‘тоа не е тема на преговорите’ ами со Скопјани спориме за името,. Точно, пред новите преговори, Грција повторно сака се да стави на маса, но, сега е повеќе од очиглед-но дека тоа е преговарачка тактика за име по нејзина мерка. Наместо да се палиме на веќе видените провокации, попаметно 6и било да го сочуваме наклонетиот американски став кон нашиот интерес!

Најпосле, стигнуваме до една од поголемите манипулации во целиот спор. Мора да се каже, оти се сомневам дека ќе стивнат оние што тврдат дека со промената на името, автоматски ни се менува и националноста. He вреди, тука, да се пов-торува нашето освоено право, кое и Грција не го спори пред Фрид. Но, како можеш да му објасниш на некој што не знае англиски, или, уште полошо, на некој што сака ефтини политички поени да заработува, дека националноста воопшто не се впишува во ООН!? Точно, покрај името на државата и службениот јазик, во ООН ќе треба да одгов-ориме и на ‘прашањето’ за NATIONALITY, но, тоа не значи националност, ами ДРЖАВЈАНСТВО. Кој не верува, нека си провери во новите пасоши, каде фино стои -МАКЕДОНСКО. Менувањето на државјанството, никако не значи менување на националната припадност. Баш како што некогаш бевме Македонци со југословенско државјанство. Баш како што можете да станете српски ДРЖАВЉАНИН или бугарски ГРАЖДАНИН, а повторно да си останете етнички Македонец, Унгарец, Турчин… По ѓаволите, зар некој мисли дека нашите Албанци ќе седеа со скрстени раце, доколку ДРЖАВЈАНСТВОТО/МАТКтиТУ го менува нивниот национален идентитет?!

На крајот, бездруго некој ќе праша, зошто не влеговме во НАТО, штом веќе при-фативме компромисно име? Тоа е точно, меѓутоа, со инсистирањето на бесмислениот референдум, целата Алијанса можеше да испадне смешна. Замислете, тие не примиле во НАТО, а Груевски не испишманил на реф-ерендум!? Да се откажеше од референдумот, можеби ќе создадеше простор за компромис – Грција да се откаже од последниот услов, Република Македонија (Скопје) да биде име за сите употреби. Но, како и да е, работите неминовно се разбиструваат… На толкава грижа, успеавме да си ја одбраниме БЈРМ. За се да биде целосно јасно, големите бран-ители на името, конечно ќе треба пред сите кажат, дали зад наводната одбрана на името, се криела желбата да не влеземе во ‘тај зликовачки савез’ викан НАТО? Ќе се стрпиме… Кај да е, и тие ќе ги разберат последните думи на Лавров, за недвосмис-лената руска поддршка за компромис со Грција и наш влез во Алијансата! ■

 

Поврзани новости