Текстот е објавен на 11 ноември, 2021 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1362
Според официјалните податоци, најголем приход лани имала „Аџибадем Систина“ од 41,3 милиони евра од кои заработила 5,9 милиони евра, додека Жан Митрев Клиник направиле приход од 27,7 милиони евра, но остварил профит од 8,1 милиони евра. Само приватната болница „Ремедика“ има заработка од 1 милион, а прикажала приходи од 8,2 милиони евра, но тие не работеа со ковид пациенти. Ништо поразлични не се ни приватните лаборатории чии профити се движат од 400 илјади евра до 1,6 милиони евра.
Пишувала: Ирена МУЛАЧКА
Повеќе од година ипол како Ковид 19 беснее низ државата, со што досега се заразиле над 206.000 граѓани, додека околу 7.300 починале од овој опасен вирус. И, покрај долгиот временски период и секојдневните црни статистики, ситуацијата никако да се врати во нормала. Многу од заразените асимптоматски пациенти не се тестираат, шетаат слободно и го шират вирусот, мерките скроз се олабавија, епидемиолозите веќе изгубија контрола кој е заразен кој не, болните се тестираат на своја рака, без да влезат во официјалните статистики, додека пак дел од граѓаните воопшто не ни веруваат дека вирусот постои.
Сепак, и покрај се, во оваа пандемиска криза досега официјално се тестирале 1. 407.769 во државните и приватните болници и лаборатории. Многу од нив, воопшто не можеа да закажат термини, па од свој сопствен џеб плаќаа за тестирање во приватните. Но, тоа не е се. Голем дел од пациентите кои беа хоспитализирани во приватните болници, даваа депозит од 12.000 евра за да можат воопшто да се лекуваат.
Тоа што на почетокот на корона кризата беше малку од малку позитивно е што барем државата и приватните се натегаа околу тоа да се најде заедничко решение, односно да склучат договор со Фондот за здравство и нивните тестирања да одат под државна капа. Меѓутоа, оваа тема во моментот е затворена. Ресорното министерство и Фондот веќе не ја споменуваат, а со тоа прекинаа и самите болници и лаборатории, нудејќи си ги секој своите услуги.
Факт е дека приватните лаборатории и болници работат со своја сопствена опрема, реагенси, тестови кои не ги добиваат од државата, што значи дека и државата не може да им ги диктира цените. Но, затоа пак, сите пациенти плаќаат здравствено осигурување, а повеќето не можат да се лекуваат на државна сметка.
Оттука, останува нејасно, кој ја кочи целата работа и зошто во време на пандемија се дозволи некој да профитира на грбот на граѓаните?
КОЛКАВИ ПРОФИТИ ЌАРИЈА ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ И ЛАБОРАТОРИИ?
Во текот на целата ковид пандемија, одобрение за правење на тестови од ресорното министерство добиле вкупно 28 лаборатории и болници, од кои 12 на државна сметка, додека уште 16 прават тестирање во приватна режија, односно секој од пациентите што сака да се тестира ќе си плати од свој сопствен џеб. Сите тие влегуваат во дневните извештаи на министерството за здравство.
Според нашите информации, на%9LS