(АРХИВА) Од „вечна“ претседателка на матичните лекари до антиковид пропагандист

by Fokus

Текстот е објавен на 15 декември 2021 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1367

Матичните лекари одиграа голема улога во целата ковид пандемија, а како нивни предводник е доктор Чолакова-Дервишова, која веќе цели 11 години управува со Здружението на приватни матични лекари, кое брои околу 1.600 членови. Таа, во последните неколку години има и неколку партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ. Но, сепак, стана „популарна“ во јавноста како една од лекарите што сметаше дека беспотребно се крева паника околу ковидот и како што вели, сѐ уште експерименталните вакцини кои направиле доста штета

 Пишувала: Ирена МУЛАЧКА

Во државата има вкупно 1.780 матични лекари по општа медицина, кои на некој начин ја одиграа главната улога во ковид-пандемијата, без разлика дали во позитивна или во негативна смисла. Првично, товарот падна на нивен грб, па тие без протоколи се впуштија во „авантурата“ наречена ковид, за кој вирус првпат слушнаа, откако се појави во кинескиот град Вухан. Секој се лекуваше на своја рака, односно како што знае и умее.

Според досегашната пракса, некои од матичните лекари немаа никаков контакт со заразените пациенти, па ги лекуваа преку телефон, други пропишуваа антибиотици на ангро, додека, пак, трети ширеа антиваксерски кампањи. Сепак, мора да нагласиме дека како и во секое правило има исклучок, па и тука има матични лекари што спасија многу човечки животи.

Тоа што е многу важно во приказната е дека позади повеќето од нив стои матична лекарка, која, наместо во првите борбени редови против ковид 19, таа е во првите борбени редови против имунизацијата.

Станува збор за доктор Лилјана Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари, кое брои околу 1.600 членови. Таа, редовно преку медиумите и социјалните мрежи ги соопштува своите ставови околу корона вирусот, за кој првично тврдеше дека не постои, не е опасен и намерно се крева паника, за подоцна да почне индиректно да води битка против имунизацијата на населението.

Нејзината задача како лекар е да им помогне на граѓаните полесно да го поминат опасниот вирус, со оглед на тоа што во нејзината ординација на дневно ниво циркулираат многу луѓе. Но, да почнеме по ред.

ЛЕКАРСКИ И ПОЛИТИЧКИ ФУНКЦИИ

Доктор Чолакова-Дервишова веќе години наназад редовно се појавува во медиумите, но повеќето ја запознаа за време на страшната пандемија, која го тресе светот и земјата речиси две години. Таа е прв човек на Здружението на приватни матични лекари со кое управува цели 11 години, поточно од 2010 година наваму, на чија функција повторно е реизбрана четири години подоцна, односно во 2014 година.

Самото Здружение за првпат е формирано во далечната 1992 година со почетоците на приватизацијата на здравството, а таа заедно со уште 11 други лекари од повеќе градови во Македонија е еден од неговите основачи. Нејзиниот татко, адвокатот Драган Чолаков е човекот кој прв го напишал Ст%LS

Поврзани новости