АРХИВА Дали Груевци и на шесто и кусур илјади ќе ни извршат лоботомија

by Fokus

Текстот е објавен на 17 февруари, 2017 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1115

Пишува Јадранка КОСТОВА

Ама, ме јаде јанѕа, што ли очекува Груевски да ќари од тоа што игра на картата – време!? Тоа што 450 „тисуќа“ не ги трогнала содржината од бомбите, не значи дека 600 и кусур илјади, со тек на време, ќе заборават на КРИМИНАЛИТЕ на Фамилијата!? Или, можеби, планираат на сите нас да ни извршат лоботомија!?

И „Миле ми текна“ на приказната за Султанот од Персија, кој осудил двајца на смрт. Арно ама, едниот ербап, знаејќи колку Султанот бил далдисан по својот пастув, како „дил ориентид“ му побарал на Султанот грејс период од една година – за да му го научи омилениот коњ да лета. И биднал договорот. Е кога другиот осуденик го прашал: „Знаеш дека коњите не можат да летаат. Што те натера на толку луда идеја? Само го продолжуваш неизбежното“!?

И следува одговорот од калибарот „надежта последна умира“. Вели итрецот: „Не, си дадов четири шанси за слобода. Прво, султанот може ќе умре во таа година. Второ, јас може ќе умрам. Трето, коњот може да пцовиса. И четврто… може ќе го научам коњот да лета“! Така мене ми изгледа целата фрка на груевци со времето. Може Катица ќе ја укинат, може Заев ќе го сменат, може Македонија да ја снема… ама, четврто – онака лудачки, согласно акалот им, може и на шесто и кусур илјади да ни извршат лоботомија.

 

Поврзани новости