Асоцијацијата на архитекти на Македонија не прифаќа зградата „Ибни Пајко” да биде пресоблечена во барокно руво во духот на Скопје 2014-та.
Од таму ги повикаа своите членови да не учествуваат на тендерот распишан од Град Скопје за изработка на архитектонски проект за реконструкција на фасадата на зградата, која се наоѓа на плоштадот Филип втори.
-Нашите сознанија се дека и покрај со години упорното настојување и покрај ветувањата што ги давале, овој пат ќе ја реконструираат и задната фасада. Град Скопје нема согласност од станарите за промена. Асоцијацијата смета дека единствениот начин да се стави крај на сквернавењето на градот е бојкот од архитектите изразен со неучествување во изработување на нарачаните проекти – стои во соопштението на асоцијацијата.
Идејниот проект за реконструкција на фасадата во барок стил е изработен од Лазар Димов и Никола Стакинов.
На конкурсот на Град Скопје за барокизација на фасадата на познатата зграда „Ибни Пајко“ имало само еден предлог од двајца автори, а само изработката на проектната документација ќе чини околу 16.000 евра.