Архиепископот Стефан ќе го положи чесниот крст во Охридското Езеро за Водици

by Fokus

За првпат во поновата историја на празнувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, чесниот крст во водите на Охридското Езеро ќе го положи архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан.

„На голема радост на сите верници оваа година водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление – Водици, ќе ги освети и ќе го положи Светиот крст Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан“ се вели во соопштението.

Празникот Водици традиционално се одбележува на 19 јануари.

Чествувањата на Богојавленските празници во Охрид ќе се одбележат со сите црковни обичаи, но ќе има и сенародна веселба во организација на локалната самоуправа.

За добро празнично расположение на Водици се задолжени Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата „Де-Ен-Ка“, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“, додека за утредента кога се празнува Денот на рибарите за забава се ангажирани членови од охридскиот музички еснаф.

 

Поврзани новости