Архиепископ Стефан: Немаме ништо против да се нарекуваме Охридска Архиепископија

by fokus

Не е проблем што грчкиот блок од православните цркви ќе ја нарекува нашата црква само Охридска Архиепископија, а не и Македонска православна црква, изјави Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во интервју за белградска „Политика“,

-Свесни сме за чувствителноста на прашањето на ова наше име кај грчкиот блок од православните цркви. Затоа, нема да бараме од нив да не викаат со името што не го сакаат. Бидејќи сме наследници на познатата Охридска архиепископија, ословувањето со тоа име од нивна страна не ни претставува проблем.

Сепак, убеден сум дека и браќата архиереи ќе сфатат дека ние самите не можеме да се нарекуваме никако поинаку освен Македонци, т.е. дека нашата црква за нас е колку македонска толку и охридска.

Тука веројатно ќе има работи кои ќе мора да се решаваат, но верата и љубовта може и планини да поместат. Ако двете страни покажат дека делуваат со љубовта Христова, лесно ќе дојде до договор меѓу грчката црква и нашата, македонска црква, вели архиепископот во интервјуто.

Архиепископот Стефан истакна и дека е благодарен за „сета помош и поддршка на српската држава кон македонската држава за подадената рака во овие времиња полни со искушенија“.

Поврзани новости