Аргентина е вториот четвртфиналист на Светскиот шампионат во Катар. Гаучосите место меѓу осумте репрезентации на Мундијалот обезбеди откако во првата елиминациска рунда ја совлада Австралија со 2:1.
Аргентинците доминираа на натпреварот, но во завршницата иако можеа да постигнат уште некој погодок сепак во последните секунди од продолжение ги спаси голманот Емилијано Мартинез кој со одлична реакција успеа да го одбрани ударот на Гаранг Куол.
Аргентина поведе со голот на Лионел Меси во 35-тата минута. По 12 минути игра во второто полувреме по катастрофалната грешка на голманот Метју Рајан, Јулијан Алварез зголеми на 2:0.
Во самата завршница од натпреварот Аргентина имаше уште неколку можности за погодок, но Лаутаро Мартинез не успеа да ја погоди целта.
Аргентина сосема заслужено оди во четвртфиналето каде за влез меѓу четирите најдобри селекции на турнирот ќе се соочи со Холандија.