Аргентина е нов светски првак!

by Fokus

Селекцијата на Аргентина е новиот светски првак откако попладнево „гаучосите“ славеја над Франција, откако беа подобри по изведувањето на пенали.

Мечот кој заврши со резултат 3-3 по 120 минути одиграни, приреди неверојатни изненадувања и целосни резултатски пресврти.

Во првиот дел од мечот темпото го диктираше Аргентина која по 36 минути имаше резултатска предност од 2-0 со погодоците на Меси и Ди Марија. Сепак, Франција не се откажа и во рок од една минута преку Мбапе постигна два брзи гола и израмна целосно.

Во судиските продолженија повторно Меси донесе предност од 3-2, но Мбапе во 118-та минута го израмни резултатот и мечот продолжи на пенали.

Меси, Дибала, Паредес и Монтиел беа прецизни од белата точка, додека пак за Франција погодија само Мбапе и Коло Муани.

Поврзани новости