Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.
Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.
Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.
Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.
Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.