Ареа со нов материјал, ќе се повтори ли успехот од минатото на бендот?

by Fokus

Популарниот рок бенд Ареа ја промовираше песната ,,Ангелу мој” која ќе се најде на нивниот нов албум. Истиот бил во завршна фаза, а со неговото издавање групата ќе обележи три децении на сцената. Песните на Ареа се пренесуваат од една на друга генерација, и веста за новиот албум ги израдува нивните слушатели.

Вокалистката Ружица Милошеска Бричоска и нејзиниот сопруг Ивица, кој е гитарист во бендот, направија музичка револуција на почетокот на деведесеттите години на минатиот век, кога се појавија на сцената. Започнаа со дебитантскиот албум ,,Случајно тука”, а во 2000 година со хитот ,,Сите мои слики” покажаа дека се еден од најквалитетните бендови на нашата сцена.

Универзална сала ја наполнија три пати, а Скопски саем два пати. Во интервју за ,,Фокус” од пред три години, Ружица раскажа дека иако немаат нови материјали, сепак се доста барани и постојано настапуваат. Тогаш на прашањето дали подготвуваат големо враќање на сцената, изјави дека никогаш не се знае дали некоја песна ќе стане хит.

 

-Потребно е да се состават повеќе коцкички за такво нешто. А за тоа сметам дека не сме доволно паметни. По мене, конците ги води некој „одозгора“ или со други зборови ние спремаме песни, а што ќе биде само Бог знае-раскажа таа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости