,,Ареа” е македонска рок приказна која трае: Два акустични концерти на бендот во Македонска Филхармонија!

by Fokus

Популарниот рок бенд ,,Ареа” наредниот месец ќе одржи два акустични концерти во Македонска Филхармонија. Првиот, закажан на 19-ти април веќе е распродаден, а вториот ќе се одржи на 20-ти април.

-Ќе имате можност да ги чуете нивните најголеми хитови, како што се: ,,Одведи ме”, ,,Фреквенција на љубовта”, ,,Сите мои слики”, ,,Пријател”, „Дозволи ми”, „Нешто недостасува”, „Дали можеш”, „Дај ми ја ноќта”, „Колку ми значиш”…и уште многу други незаборавни песни.

Влезниците за концертот на 19ти Април се веќе распродадени! Влезници за 20 Април додека се’ уште ги има можете да набавите во онлајн-продажба на mktickets.mk и во продажната мрежа на mktickets.mk низ Македонија-информираат од Фреш Унион, кои се организатори на настаните. Влезниците се продаваат по цена од 1.200 и 1.500 денари.

,,Ареа” функционира повеќе од три децении, а вокалистката Ружица Милошеска Бричоска и нејзиниот сопруг Ивица, кој е гитарист во бендот, направија музичка револуција на почетокот на деведесеттите години на минатиот век, кога се појавија на сцената.
Започнаа со дебитантскиот албум ,,Случајно тука”, а во 2000 година со хитот ,,Сите мои слики” покажаа дека се еден од најквалитетните бендови на нашата сцена.

Универзална сала ја наполнија три пати, а Скопски саем два пати.

Во постаро интервју за ,,Фокус”, Ружица раскажа дека бендот започнал да функционира во 1991 година, со создавањето на првите три авторски песни и пријавувањето на Поп-рок фест ’92 каде што, неочекувано за нив, победивлеи во 1992 година во МРТВ го снимиле дебитантскиот албум “Случајно тука“.

-Колку што се сеќавам, немавме баш некои очекувања за голема популарност, туку само имавме сон да настапуваме и тој сон го следевме, откри тогаш вокалистката на ,,Ареа”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости