Арбериа дизајн“ доби нов тендер од Министерсвото за политички систем предводено од Артан Груби.
Како што пишува „360 Степени“, тетовската фирма повторно ја доби јавната набавка за организација на годишнината од Рамковниот договор.
Станува збор за два договора (дела) од еден оглас. Едниот договор предвидува дека „Арбериа дизајн“ може да испорача услуги најмногу до 4.200.000 денари или 70.000 евра, а вториот – услуги до 1.800.000 денари или приближно 30.000 евра.
Првиот договор се однесува главно на обезбедување хотелски, кетеринг и услуги поврзани со опрема за органирање настани. Според понудата која е составен дел од вториот договор, „Арбериа дизајн“ ќе наплати од министерството на Груби околу 5.000 евра за концепт за организирање на настан за 22-годишнината од Рамковниот договор.
Слична сума е предвидена и за, како што е наведено во понудата, „стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна“ по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра.
„Арбериа дизајн“ со години ги добива и јавните набаки за печатење на учебниците во основното и средното образование.