Арбен Таравари најверојатно ќе биде нов министер за здравство

by Fokus

Неврологот Арбен Таравари најверојатно ќе биде новиот министер за здравство, иако во јавноста кружеше информацијата дека на министерското столче ќе се врати Фатмир Меџити, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, еден од условите на лидерот на „вмровците“, Христијан Мицкоски за ВЛЕН да го добие секторот здравство е Таравари да ја преземе министерската функција.

Актуелниот градоначалник на Гостивар таква можност имаше во 2017 година, откако СДСМ формираше влада, а тие беа нивни каолициони партнери. Но, сепак неговата министерска кариера кратко траеше, поточно само два месеци.

По негова желба или не, тој беше принуден да се кандидира за градоначалник на Гостивар, а негов против кандидат во тој период беше Невзат Бејта од редовите на ДУИ.

Во моментот Таравари е по вторпат градоначалник на Гостивар, а во меѓувреме стана и лидер на партијата Алијанса за Албанците. Но, со тек на време се разидоа со поранешниот лидер Зијадин Села и јавно почнаа препукувањата, околу тоа на кој членството ја дава поголемата поддршка.

Села се договори со „интегративците“ и стана дел од Европскиот фронт, каде беше носител на листата во петтата изборна единица, додека пак Таравари стана кандидат за градоначалник откако алабанската опозиција заедно настапи на изборите.

Ирена Мулачка

 

 

 

Поврзани новости