Владата го именува Aрбен Рамадани за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.
„Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа“ наведуваат од владината прес-служба.
Попладнево, на владина седница, Иван Игњатов беше именуван за в.д. заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е Доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.
На седницата, Владата ја разреши Афрона Верзиволи од должноста вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.