Арбен Фетаи: Секој глас за Бујар Османи е изгорен глас, тој подготвува заминување од политиката

by Fokus

„Бујар Османи преку МНР ја злоупотребил функцијата министер за надворешни работи и го одложил рокот за поднесување кандидатури за функцијата генерален секретар на Советот за регионална соработка. Одложувањето на рокот за кандидатура го потврдува и мејл од МНР објавена од медиумите, додека со ова уште еднаш се докажува дека кандидатурата на Османи не е искрена и за одење во втор круг, туку доаѓа само да го подели гласачкото тело кај Албанците и да го спречи Арбен Таравари да оди во вториот круг“ рече шефот на кабинетот на Арбен Таравари – Арбен Фетаи.

Според него, Бујар Османи подготвува заминување од политиката, а секој албански глас за него е изгорен глас“.

„Бујар Османи застана на страната на Вучиќ и се ракуваше со Лавров затоа што цели на функцијата генерален секретар на Советот за регионална соработка каде што му е потребна поддршката од Србија и нејзините сојузници. За тоа сведочи и одложувањето од страна на МНР на Северна Македонија на рокот за поднесување кандидатури од земјите-членки за дополнителен месец, до 25 април, односно еден ден по претседателските избори. Како актуелен претседавач со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, МНР на Северна Македонија има можност да прифати кандидатури за наследник на Мајлинда Брегу, која ќе го заврши својот мандат на крајот на годината. Бујар Османи го злоупотреби своето претседавање со овој механизам за да и одговара на неговата агенда до неговиот пораз пред Арбен Таравари ноќта на 24 април“ порача Фетаи.

Тој порача дека „новата влада на ВЛЕН нема да ја поддржи неговата номинација до јулскиот одбор на Советот за регионална соработка. Не се сомневам дека неговата номинација ќе биде блокирана од Владата на Косово“.

Поврзани новости