616
Отворањето на амбасадата на Косово во Ерусалим е незаконско и Арапската лига силно се спротивставува на ваквата одлука, рече генeралниот секретар на оваа регионална организација на арапските земји, Ахмед Абдул Гејт.
-Секоја одлука за отворање амбасада во Ерусалим е незаконска, бидејќи градот беше под окупација и затоа ваквите дипломатски одлуки не можат да бидат прифатени“, рече Гејт, пренесува Танјуг, пишувајќи на порталот „Косово онлајн, кој се повикува на Балкан Инфо.
Претходно ЕУ ја критикуваше одлуката на властите во Приштина да отворат амбасада во Ерусалим.