461
Во Улцињ деновиве почнаа да пристигнуваат инвеститори за изградба на проектот Мавриан Лакшари Ресорт (Mavrian Luxury Resorts).
Во рамки на тој проект, на површина од околу 63 хектари, ќе биде изградено пристаниште, три луксузни хотели и 105 вили со вкупно 5.000 кревети.
За проектот се заинтересирани инвеститори од Катар и од Египет.
Според градоначалникот на Улцињ, Љоро Некиќ, вредноста на инвестицијата е меѓу 600 милиони и милијарда евра.
Некиќ најави дека општината ќе бара согласност од Министерството за финансии за продажба на својот дел од земјиштето, што е проценето на околу 20 милиони евра, јавуваат црногорските медиуми.