63
МВР информира дека вчера попладне во 17.50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.А.(42) од Велес.
Тој се сомничи дека околу 17.30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев“ во Велес и украл пари.
Кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото.
Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.