Арамија фатен како „оперира“ во скопска куќа

by Fokus

На подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје денеска во 10:30 часот го лишиле од слобода П.К.(44) од Скопје, кој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во куќа на ул.„Миле Поп Јорданов“.

Како што информира МВР, тој бил задржан во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Поврзани новости