Три лица по потекло од различни села од земјава, Кукречани – битолско, Долно Ботушје – Македонски Брод и Лисичани – Пласница, се здружиле и опремени со соодветен алат тргнале во кражба на бакар во близина на кавадаречкото село Рожден.
Истите биле забележани додека организирано сечеле и демонтирале доводен бакарен кабел среде бел ден, по што биле приведени во полициска станица.
Од СВР Велес го потврдија настанот.
-На 27.09.2023 во 14.00 часот во близина на село Рожден, кавадаречко,
полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Ш.(59) од
село Кукуречани, битолско, Ј.Н.(53) од село Долно Ботушје, Општина Македонски
Брод и Б.С.(62) од село Лисичани, Општина Пласница.
Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудник кај село Мрежичко, кавадаречко, тие биле забележани како со
подесен алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите кои ја движат транспортната трака од
рудник до фабрика.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштија од СВР Велес.
Вики Клинчарова