529
Домот на АРМ во Скопје пред неколку дена бил ограбен, иако се наоѓа во строгиот центар на градот, под обезбедување на чуварска служба составена од војници, објави „Телма“.
Според информациите на телевизијата, крадците влегле преку терасата на објектот, а биле украдени повеќе работи од ресторанот кој се наоѓа на вториот кат. Однесен бил телевизорот од салата, вредниот професионален кафемат, но и други работи.