Арачиновец тешко повреден на семејна веселба, погоден од куршум

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 21.23 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје било донесено машко лице.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за М.И.(31) од Арачиново, Скопско, кој според првичните информации бил повреден на семејна веселба во Скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости