Арачиновец си ја убил жената во семејниот дом

by Frosina Fakova

Маж на возраст од 40 години попладнево ја убил својата четири години помлада сопруга во семејниот дом во Арачиново.

Од Министерството за внатрешни работи за Фокус велат дека убиството било пријавено во 12.45 часот во полициското одделение во Арачиново. Сторителот веднаш бил приведен.

Според нашите неофицијални информации, мажот најверојатно ја удрил жената со некој тврд предмет во задниот дел од главата. Причините за убиството и мотивите засега не се познати. Полицијата ги истражува.

Поврзани новости