547
Вчера попладне, 63-годишен арачиновец починал кај Катлановска Бања, додека бил заедно со членови на своето семејство.
„Вчера во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на З.А.(63) од с.Арачиново, скопско, додека бил со членови од семејството во близина на Катлановска Бања, му се слошило и паднал, по што починал на местото. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството“, велат од МВР.