МВР информира дека вчера во 05.20 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, од стана на полицијата е уапсен 35-годишниот А.Б. од Арачиново. Полицијата претходно забележала како во возило „крајслер“ со скопски регистарски ознаки, влегува група на мигранти.
„Возилото било сопрено и во негова близина биле пронајдени девет лица мигранти од Иран, кои претходно излегле од возилото. Мигрантите билe пренесени во прифатно– транзитен центар во Гевгелија, а А.Б. бил задржан во полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по член 418 – б : „Криумчарење мигранти“ од Кривичниот законик“, велат од МВР.
На А.Б. му е определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено -поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.