Има повеќе апсурди што се јавуваат со најновиот владин хир, екстерното тестирање за студентите, смета Дина Спировска, дел од раководството на младите социјалдемократи.
– Бидејќи кредит трансфер системот овозможува студентот сам да одлучи во која година ќе полага определен предмет – како власта го замислува државниот испит по 2-та година? Значи тој што не го полагал предметот, по автоматизам ќе падне. Ако студентот падне на државниот испит, дали државата ќе му ги врати парите што ги вложил за студирање и живот, за партиципации, книги, кирии, од 200, 800-тини, 5000, па и 8000 евра изминатите две години? Како државата ќе ни врати се што сме вложиле во тие две или четири години? Голем дел од нас паралелно со студирањето работат, само за да ги покријат трошоците. Сакаме да порачаме дека студирањето е доброволно, а не задолжително – порача Спировска на денешната пресконференција.
Според неа живееме во пазарно општество каде што е јасно дека секој кој не знае, нека има и дипломи дипломи, не ќе може да ја работи работата во соодветната област подобро од тој што има една диплома или нема диплома.