Апсење во Велес

by Fokus

Полициски службеници од СВР Велес го привеле М.З (31) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Лицето било предадено во установата за издржување на казната.

Како што информира МВР вчера велешката полиција го привела и Б.А (49) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Лицето, исто така, било предадено во установата за издржување на казната.

Поврзани новости