Апсење во трговски центар во Карпош

by Fokus

Полициски службеници од Оперативен тим – потраги во трговски центар, вчера на подрачјето на Карпош го приведоа М.И.(33) од Скопје, баран со потерница, соопшти МВР.

За него била распишана  Централна потерница од МВР и издадена наредба од страна на Основно јавно обвинителство Велес за истражни дејства во врска со кривично дело „даночно затајување“ предвидено во чл.279  од Кривичниот законик. 

Лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

Поврзани новости