Вчера вечерта, во Гостивар биле уапсени четири лица од Скопје, меѓу кои и еден полицаец, поради трговија со оружје и дрога, соопштија од МВР.
„На 24.06.2020 во 21,40 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) сите од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје. Имено, при извршениот преглед врз патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.К., пронајдено било огнено оружје–непозната марка, со рамка и осум куршуми како и кеса со остатоци од прашкаста материја. Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, додаваат од МВР.