Апсење во БиХ поради детска порнографија

by fokus

Шест лица од Босна и Херцеговина се уапсени денеска поради детска порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска, каде се извршени апсењата.

Во полициското соопштение се наведува дека тие се од областа Бања Лука, Приједор и Добој.

Компјутери, таблети, мобилни телефони, УСБ-стикови, мемориски картички, СИМ-картички и други дигитални уреди за складирање, како и други предмети кои може да се поврзат со извршување кривични дела, се запленети при рации на шест локации.

Сите се уапсени под сомнение дека посетувале веб-страници што содржеле материјали со фотографии од детска порнографија или фотографии кои визуелно или на друг начин прикажуваат дете во вистинско или симулирано очигледно сексуално однесување или прикажување полови органи на деца за сексуални цели. Користејќи ги социјалните мрежи, тие потоа споделувале таква содржина со други луѓе.

Поврзани новости