593
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 14.00 часот, го лишиле од слобода М.М.(52) од Скопје.
Како што соопштија од МВР, при претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.